bul. Kocho Racin br.14, vl.6, st.6
1000 Skopje, R.Macedonia
tel: +389 2 3132-200
fax: +389 2 3225-131
email: contact@delege.com.mk

Ние ги обезбедуваме најдобрите правни услуги , посебно во областа на граѓанско и трговско право.

Настани и вести


Услуги

ДЕ ЛЕГЕ е веќе етаблирано адвокатско друштво кое со своето долгогодишно искуство на професионален план пружа широк спектар на правна помош, консултации и застапување пред сите домашни судски и управни органи, како за домашни така и за странски клиенти. Комуникацијата со клиентите ја остварува на македонски, српски, хрватски, бугарски и англиски јазик, по претходно закажан термин. Во зависност од обемот и сложеноста на случајот, вклучува надворешни експертски соработници.

Како една од водечките адвокатски канцеларии во Република Македонија, на своите клиенти им пружа професионална услуга од областа на:

  • Корпоративното работење;
  • Заштитата пред судските и управните органи;
  • Заштита на индустриската сопственост и авторските права;
  • Заштита на основните човекови права;
  • Застапување на правни и физички лица пред граѓанскиот, стопанскиот и управниот суд во Република Македонија;
  • Изготвување на сите видови договори;
  • Регистрирање на трговски друштва и нивни статусни промени;
  • Регистрирање на ДДВ, пријавување на странски капитал, отварање на сметки и пријавување на вработени;
  • Регистрирање и обнова на трговски марки, индустриски дизајн и патенти;
  • Изготвување на правно мислење по конкретно барање на клиенти;
  • Толкување на законски и подзаконски акти;
  • Правна помош од областа на јавните набавки;
  • Правна помош и застапување од областа на работните односи;
  • Правна помош од областа на стечајот;
  • Изготвување на правна експериза-консалтинг при приватизација и купување;
  • Медијација;
  • Арбитража.